topАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските воени бродови и авиони остануваат во близина на Иран и се закани со можност за воена акција ако Техеран не го почитува потпишаниот договор.
Трамп на платформата „Тру соушал“ напиша дека „сите американски бродови, авиони и воени лица, заедно со дополнителна муниција и вооружување, ќе останат на позициите во и околу Иран сè додека договорот целосно не се почитува“. Тој додаде дека во случај договорот да не се почитува „ќе почне пукотница, поголема и посилна од која било видена досега“.
Иран претходно соопшти дека би било неразумно да се продолжат преговорите за траен мировен договор во услови кога Израел спроведува најинтензивни напади врз Либан, при што се убиени стотици луѓе.
Трамп исто така тврдеше дека Иран се согласил да запре со збогатувањето ураниум, а претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, изјави дека според условите на примирјето Иран смее да продолжи со тој процес.
Претседателот на САД напиша дека „тоа е договорено одамна и, покрај лажната реторика што го тврди спротивното, нема нуклеарно оружје и Ормуската Теснина ќе остане отворена и безбедна“.
фото: архива




