На два дена пред парламентарните избори во Унгарија, премиерот Виктор Орбан ја обвини конзервативната опозиција, предводена од Петер Маѓар, дека подготвува немири во случај неговата партија да биде поразена.
„Нашите противници нема да застанат пред ништо“, изјави Орбан во видео-порака „до сите Унгарци“, објавена на неговата страница на Фејсбук.
Тој тврди дека опозицијата соработува со странски разузнавачки служби и дека уште пред пребројувањето на гласовите организира протести и немири, но не понуди докази за овие обвинувања.
„Ова е организиран обид преку хаос, притисок и меѓународна дискредитација да се доведе во прашање одлуката на унгарскиот народ“, додаде Орбан.




