Владата на Велика Британија го суспендираше планот за отстапување на суверенитетот над островите Чагос, по противењето на САД.

Договорот би вклучувал префрлање на контролата врз архипелагот на Маврициус, со продолжување на користење на американско-британската воена база на островот Диего Гарсија преку долгорочен закуп.

Британските власти изјавија дека ќе продолжат со преговорите со САД и со Маврициус, тврдејќи дека поддршката на САД е од суштинско значење за спроведување на договорот. (МИА)