Екипите на Вардар и Силекс постигнаа минимални победи на денешните натпревари од 27. коло. Вардар во дуелот на градските ривали го совлада Работнички со 1:0, а стрелец на голот беше Стефан Цветковиќ во 23. минута. Со новите три бодови Вардар има вкупно 65 и се наоѓа на првото место на табелата.

Во Кратово, Силекс со голот од пенал стигна до триумф во дуелот со Башкими. Сигурен реализитор на ударот од белата точка беше Дарко Додев во 69. минута. За Силекс ова беше трета победа во серија и 49 бодови се наоѓа на четврто место на табелата.

Во понеделник се играат дуелите Шкендија – Шкупи и Струга – Тиквеш, додека во вторник на програмата се дуелите: Арсими – Пелистер и Брера АП – Македонија ЃП. (МИА)