По повод големиот христијански празник Велигден, дозволете ми од мое лично име и од име на Министерството за внатрешни работи да упатам искрени честитки до сите верници кои го празнуваат, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Велигден е симбол на надежта, обновата и победата на животот, но и потсетник за вредностите што нè обединуваат, заедништвото, меѓусебната почит и солидарноста. Токму овие вредности се темел на едно здраво и безбедно општество.
Како Министерство, остануваме посветени на обезбедување мирна и сигурна празнична атмосфера за сите граѓани. Нека празникот донесе здравје, радост и спокој во секој дом“, стои во честитката.
Христос воскресна!
Навистина воскресна!




