Љупчо ЦВЕТАНОВСКИ

СДС смислиле план како да дојдат на власт. Не во Македонија, тука немаат ни теоретски шанси. Затоа, прв пик е Унгарија. Следна шанса им била Бугарија.

Навиваа дилетантите за Петер Маѓар, секако откако видоа дека на предизборните анкети „гази“ во Унгарија.

Тој победи, а тие пустите славеа повеќе од него. Небаре Венко ќе стане премиер на Унгарија, не Петер. Жерновски, велат, одамна се спремал за министер за надворешни на владата во Будимпешта. Нејсе, што не знае што значи НАТО. Затоа и немало да биде министер за одбрана де. Тоа ќе бил Шмрчко. Куку Унгарците, ама заслужил кај Заев, тоа си е тоа. Вицепремиерка, се разбира, ќе биде Фани Сорос, е сега блазеси им на Унгарците. Шефот и’ Џорџ да ти бил Унгарец, Ѓеорге Шорош или Црниот Ѓорѓи во превод. Ана Ве мрзам сите Чупевска ќе ти била претседателка на државата. Та, не бадијала Маѓар побара оставка од актуелниот шеф на државата, нели? Златната петорка ја заокружувале со Богданка, ама таа пак се успала и не стигнала на распределбата меѓу Маѓар и Филипче, па другите министри ќе морале да бидат Унгарци. Ќе била „само“ портпаролка на новата унгарска влада.

„Договорено“ било и натамошното дејствување на новата гарнитура.

Прв чекор на унгарската владата на Венко ќе бил потпишување на Дунавски договор со Украина, прием на сите мигранти од ЕУ, промена на името на Унгарија, дигање на ветотоза парите на Зеленски, двојазичност за словачкото малцинство и внесување во устав на Австријците како државотворен народ. Како и кај нас, само Србија не барала ништо такво, па Филипче немал ни да им даде ништо. Башка што го мразел Вучиќ, оти го обрукал кога бил во улога на најнеспособниот министер за здравство во Македонија, она кога му ги дарил вакцините за кои тој и стопанот Заев спремале дубара со Кинезите и пропуштиле полни џебови пари од далаверата…

Сето ова, овој брилијантен план со се’ распределбата на ресорите „паднале“ како урнебесен договор на бирото на Шмрчко, по една акутна и јака консумација на неговиот иљач. Оти, немало подобар начин да се обели образот од СДС, нели, па што повеќе од владеење со Унгарија? Макар и не се викала така по нив?

Проблем е што наместо образот, со инфантилниот план си го обелиле саде носот. Кој набргу станал уште поцрвен. Башка што потоа и малу си пораснал, ви текнува на Пинокио…

Ама, максим гајле, секогаш спремните за луцидни планови и глупоштии ајвани од Бихаќка имале и ПЛАН Б.

Во случај Маѓар да не прифати да му ги преземат владата и ловориките за силната победа, која не можело да му је донесе никој друг освен ултра-навивачкиот тим манжоретки на Венко@ЗАЕВкомпани, ќелепурите од Бихаќка имале и бекап варијанта. Море две биле, ама јаки, мошне промислени и промуќурни до бескрај.

Првата опција била веќе испробан и добитен рецепт од минатото им владеење. Ќе викале СЕВЕРНА, ама колку ги држи глас, кај ќе стигнат, ќе врескаат, гризаат и гребат и ќе лажат дека ВМРО ќе ги затвори на правдина. Така, се надевале дека меѓународниот фактор ќе им се сожали, ќе се сети на „минатиот труд“ со промена на името и знамето на Македонија и ќе ги поттурне. Подалеку од провалијата до која сами се навасале. И врескале, почнувајќи од денеска. Јасно виделе дека Маѓар не ни чул за нив, не па за нивното навивање за него и тирадите контра Орбан. Па врскале ко улави. Арно ама, пак никој не ги слушал лузерите, бадијала си ги одрале грлата. ЕУ знаеле дека се ќорфишеци. Статива, нова…

И сега, шу прајме сега?

Епа, време е за ПЛАН В. Трета мајка, ама осмислена до секоја точка и запирка во планот.

Веќе ДЕВЕТА година работат на случајот. Дааа, ништо не ти било случајно кај зевзеците од Бихаќка. Само изгледале мутави. Се’ почнува со т.н. Договор за пријателство со Бугарија, па прифаќањето на идиотскиот Француски предлог, 4 ГОДИНИ силни и нелогични барања за ВНОС НА БУГАРИ во УСТАВ и милијарда намигнувања кон Бугарија. Одработија за Софија како никој до сега, Ванчо Михајлов и Пендиков вода може да им носат. Со цистерни.

Ишаретите почнаа со Заев и Бојко, продолжија со Стево Љубави и продолжија со саканиците со ултра антимакедонистот Румен Радев. Ковчежињата биле башка, па мора од нешто да се живее во Дубаи, нели?

Катадневно биле на жешка линија со творецот на нелогичната идеја за Бугари во македонски Устав. Навивале и сега јако за него, а знаеле и дека според анкетите ќе победи.

Така што, не се грижете за СДС, си имаат план дилајлите.

Радев ќе „тепа“ во недела на избори. То ти е исто ко да „тепал“ Филипче, нели? Та навиваат за него, тоа е тоа.

Затоа, од понеделник подгответе се за нова епизода од „Летечкиот циркус на Венко Пајтон“, за максимална глорификација на победата на Румен. СДС ќе „тепа“, пак. Втор пат во две недели, прво со Маѓар. А, Румен и Венко веќе си се имаат на „спид дајл“, исто ко Шмрчко дилерите. Нова Љубави, нова идила. Се растреперивте и разнежнивте, признајте?

Планот е едноставен, ако не им даде министерски позиции на „Македонците“ (веќе видено со дузина одроди низ историјата, многу пати во тек на асимилацијата) Радев за возврат на сесрдната помош, ќе им помага на СДС да дојдат на власт во Македонија. Нормално, за да стане Бугарија. А, Котињата немале проблем со тоа, важно им било да владејат. Во Македонија, во Унгарија, во Бугарија, во Меспотамија ли…

Туку, ајде да се вратиме во реалноста. Ова се осми избори во бугарија (малите букви се одраз на маленкоста на „играчите“) за саде ПЕТ ГОДИНИ. Така што, ќе дојде Венковиот/Заевов Радев и ќе замине. А Бугарите, пак ќе си останат аут од Устав…

За две години ќе дојдат и избори во Македонија. И Венко и Венковиот „тим“ конзументи на психотропни супстанци ќе си замине. Ќе мора…

А Заев, е тој ќе мора да бара и најде друго дете. Заев Четврти.

Ако претходно, според „заслугите“, сите заедно не си се најдат во некоја ќелија.

Е тогаш, не за Маѓар и Радев, туку ќе навиваат за Црни, Шукри или за Авни.

Па кој тепа, тепа.

Најбитно, сапунот да ти е добро врзан, под тушот…

Курир.мк