Француската манекенка Тилан Блондо е прогласен за најубава девојка во светот по избор на ТЦ Кендлер за 2018 година.

Тилан се прослави во 2007 година кога на шестгодишна возраст беше прогласена за најубаво девојче на светот. На 10 години, таа беше најмладиот модел што некогаш се појавил во „Вог“.

Сега Тилан го прифати предизвикот, кој завладеа на социјалните мрежи # 10yearschallenge и објави своја фотографија од пред 10 години.

Тилан сега има 17 години, а на фотографијата што ја објави има шест години.

„Ти си убава и сега и пред 10 години”, беа коментарита за нејзиниот изглед.

 

 

View this post on Instagram

 

#10yearchallenge ? !!! And thanks for 2.9M !!! Ily guys so so much

A post shared by Thylane (@thylaneblondeau) on

Ќерката на францускиот фудбалер Патрик Блондо денес е амбасадор на L’Oreal и заштитно лице на парфемот на француската дизајнерка Лолита Лемпике.