Партијата која 7 цели години го третираше Уставот на Република Македонија како тоалетна хартија, која истиот на сила го смени со уцени и закани кон пратеници, политичка направија која скоро една деценија се изживуваше со законите и безобразно ги менуваше со европски знаменца за марихуани и само-амнестии, денеска со сиот ум и со цел дигресија и дефокус од апсењата кои најверојатно ќе следуваат за зулумите и апашлук од минатото – поднесе некаква инфантилна кривична за кршење на Уставот. ни помалку ни повеќе, туку до премиерот Христијан Мицкоски.
И пак ја утнаа, од паниката во која се Венко, Заев и врхушката по најавата за одговорност за сторениот криминал како власт, пишаа КРЕШЕЊЕ, не кршење. Во самиот наслов, а надолу има уште еден куп правописни грешки. Оти, паниката си го прави своето.

Ген-секот кому никој жив во Македонија не му го ни знае ни името, свреска од пред ЈО:
„Мицкоски нарачува процеси мислејќи дека со тоа ќе нè исплаши и ќе ја запре нашата борба против неговата криминална организација.
Се лаже! Нема да запреме! Не се плашиме!
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!!!“
И како и секоја ќорава кокошка и тој колвна ЕДНО ЗРНО. Погоди. Да, точно е.
„Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!!!“
Колку и тоа да го боли Заев, Венко, Оливер, Љупче, Ковачевски и останатиот дел од апашката екипа која 7 години аздисуваше низ и во Македонија. Времето не доаѓа. Времето ДОЈДЕ.
П.С. Туку, каде ви е Заев? Чуму не е во Македонија? Онака, пак за ДРУГАРЧЕ прашуваме…
Извор: Курир




