Дали во врв на паника и свесни за разоткривањето на сторениот криминал СДС и Венко Филипче по „победата“ на изборите во Унгарија сега директно на терен почнаа да ги превенираат резултатите и фактите од ФИОКИТЕ во ЈО кои Јовески и Коцевски ги полнеа и успешно ги криеја случаите со висока корупција?- прашува Курир во својата анализа.

Дали нивното отворање внесе силен немир кај врхушката? Дали ова е нова епизода од страта финта, па кога ќе ги затворат за тежок риминал кон државната каса да речат „ете, политички реваншизам“, криејќи се зад фингираниот наратив? Дали оние кои најдобро знаат колкав криминал имаа сторено и колку народни пари се украдени сега ПРЕВЕНИРААТ со луцидна увертира дека се работело за некаков си политички мотивиран прогон, а не за класичен арамилак на врхушката на СДС додека владееше во периодот од 2017-та до 2024-та година?

Ова ли е долгоочекуваното сценарио на СДС – да кукаат кај меѓународниот фактор дека се репресирани и да лажат за режимиу и политички прогони, затскривајќи се зад измиелсни наративи, а притоа спасувајќи си ги нафатираните задници од реалниот криминал кој го сторија за 7 години аздисано владеење?

Дека знаат што ги очекува покажа атакот врз Тв Алфа која со години (и додека беа на власт и во опозиција сега) беше честопати единствена која ги разоткриваше и пренесуваше нивните криминали (тогаш Димова, Јанева, Рашковски, Мухи, сега Венко, Заев, Ковачевски и останата банда)? Па сега демек тие се оние кои се криминално финансирани, а 7 години Финансиска полиција, СЈО и УЈП „киснеа“ во Алфа и не открија ама баш ништо незаконско?

Дека СДС е во паника покажува засилената иницијатива за ширење демагоги/а и лаги дека се работи за некаков имагинарен политички прогон, кој следува. Ова особено се случува по смената на државниот јавен обвинител и доаѓањето на првиот во историјата независен и партиски неврзан обвинител Ненад Савевски. Прво го каљаа и клевета него со лажни инсинуации, сега најавуваат прогон и плачат по амбасади затоа што премеирот Мицкоски изјави дека има чувство оти следува одговорностз а поранешни функционери, министри и премиери. Најбитно е она „министри и премири“. Се најдоа ли тука Филипче и неговиот стопан Заев?

Затоа, СДС удри на кодошлук по амбасадите, ширејќи ги своите лажни наративи и сооздавајќи привидна атмосфера за некаков си измислен режим и политички прогон.

Денеска во евтино режираната бурслеска  – окторираниот претседател Венко Филипче во името на СДСМ и во името на уплавот од одговорност за сторениот криминал упати официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија како и амбасадорите на земјите членки на ЕУ за саде во главите на врхушката на СДС измислено и имагинарно „сериозно нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија“, како што се наведува во патетичнто соопштение од СДСМ.

Експертите за судско-правни далавери и распупено судство измислија и пишаа:

„Подолг период сведочиме на системско поткопување на поделбата на власта, владеењето на правото и основните принципи на уставноста. Постои реална и основана загриженост дека извршната власт спроведува координирана стратегија за навлегување во судската независност, што укажува на јасна и систематска инсталација на авторитаризам“ стои во инфантилните писма пишани од Шмрчко и Жерновски.

И СЕГА СЛЕДУВА главното: „Оваа изјава за политички реваншизам претставува директна закана за демократскиот плурализам.“

Аха…

ИСТАТА СДС КОЈА Е ЕКСПЕРТ ЗА СУДСКИ МЕСТЕНКИ, СЕГА „документира“ организирана делегитимизација на правосудниот систем и бара итна реакција од европските институции, нагласувајќи дека: „Ваквото однесување е целосно неспоиво со вредностите на држава која претендира за членство во Европската Унија.“

Не е, точно е, ниту беше во периодот од 2017-та до 2024-та кога си игравте судии и обвинители и кога Заев и врхушката им диктираа на Катица, Вилма и Кацарска што да кажат и пресудат, ама го правевте тоа, симултано крадејќи како да не сте виделе. Зарем, навистина мислевте дека сиот тој арамилак ќе остане неказнет и дека нема да се открие?

Велат, не било случајно што Заев со месеци не е во Македонија. Уште понеслучајна била паничната фацијална експресија, несоница и нервозните реакции на неговиот октроиран наследник, кој се расправа со медиумите и целиот свет.

Не им било лесно…

Извор: Курир