Алтернатива за Германија (АфД) првпат има највисок рејтинг меѓу Германците, покажува нова анкета на Политбарометар спроведена во април.
Ако изборите се одржат сега, АфД би освоила 26% од гласовите, а владејачката конзервативна унија ЦДУ-ЦСУ би освоила 25%, што е пад за 1% од март.
Разликата е потврдена и на новите анкети на YouGov, Insa и Forsa. Според YouGov, АфД би освоила 27% од гласовите, а ЦДУ 23%. Односот во март беше 26-26.
Само 27% од анкетираните изразиле задоволство од работењето на владата на Мерц, во споредба со 34%. Лоша оценка ѝ дале 63%.
Прв пат по речиси четири години, поскапувањата и состојбата на платите се најчестиот проблем за Германците (25%). Следуваат економската состојба (21%), животната средина (16%), политичката состојба (12%) и имиграцијата (11%).
По непишаното правило на СДС, сега Филипче се очекува да навива за Вајдел од АФД и да слави повеќе од нив кога ќе победат. Тоа ќе го правеле со сиот свет, оти во Македонија не можеле да победат во следниот милениум. Нејсе што АФД е поултра десница и од Тиса на Маѓар. И СДС пак ќе се радува и најавува промени во Македонија. Следан е радоста за победата на Радев во Бугариај, па АФД, па ле Пен во франција, Фараж во Британија. И така натаму.
Многу радости следуваат за СДС.
Дел ќе биле дочекани на слобода, дел не…




