Филипче се однесува како Алиса во земјата на чудата, СДС е партија на лагите и конструкциите, живеат во свој свет полн со апсурд и фантазија. СДС и Филипче, по поразот на локалните избори на кои дојдоа до 130 илјади гласови, најмалку во нивната историја, излегоа на прес-конференција и велеа дека тоа било одличен резултат, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС и Филипче, по стратешкиот договор со Велика Британија, со кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја стави Македонија на светската мапа и да биде на иста маса со големите светски сили, од СДС рекоа дека овој договор бил за мигранти кои ќе дојдат во март или април, и згора на се и пари ќе сме заработеле за истите, додаде тој.

„СДС и Филипче, ликуваа на тарифите од страна на САД, кој патем ги доби целиот свет, замолкнаа кога македонската влада потпиша Заедничка изјава со САД и се намалија тарифите.

СДС и Филипче, 7 години беа на власт и не успеаја да го завршат постмониторингот со Советот на Европа, дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и по помалку од 2 години Македонија го заврши постмониторингот, но според СДС и Филипче, тие тоа го направиле“, потенцира во изјавата.

СДС во земјата на лагите и конструкциите, Филипче како Алиса, живеат во свој паралелен универзум на кој тие се најдобрите, со рејтинг кој се брои на една шака. СДС и Филипче треба да се разбудат од сонот кој го сонуваат и да се соочат со реалноста, додаде во изјавата Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.