Тетовската полиција изминатата вечер извршила претрес во изнајмен стан, како и во куќата на врховниот судија Шпенд Деваја и неговата сопруга поранешната градоначалничка на Тетово и висoка партиска функционерка на ДУИ, Теута Арифи, под сомневања дека нивниот шеснаесетгодишен син е вклучен во продажба на наркотични средства, објави порталот на албански јазик Алмакос.

Според неименувани извори на кои се повикува Алмакос, синот на врховниот судија Деваја бил приведен во полициска станицазаедно со неговиот татко.

„Според полициски извори, било пронајдено значително количество наркотици. Дрогата била подготвена и била спакувана за продавање. Полицијата пронашла во станот на малолетниот син на Деваја готови кеси, 120 грама марихуана, подготвени за продажба како и 1,5 грам чист кокаин“, пишува порталот.

Информациите подоцна споредбено се потврдени во соопштение од редовниот билтен на СВР Тетово.

Според соопштение на полицијата, „на 16.4.2026 година во 22:05 часот, полициски службеници од Секретаријатот за внатрешни работи од Тетово лишиле од слобода 16-годишник од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело според член 215 од Кривичниот законик. При претрес на објект во Тетово, извршен со согласност на сопственикот, кој малолетникот го изнајмил и го користел под кирија, пронајдени се и запленети се 34 пакувања марихуана, кутија и кеса марихуана, како и едно пакување бел прашок“.

Малолетникот е приведен во полициската станица и во присуство на родителот ќе се изврши службен разговор со него. По целосното документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – се вели во соопштенито на полицијата