Љупчо Николовски се јави, навистина се јави. Кој за што, Љупчо за мене!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од објавата на Фејсбук на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, што го пренесуваме интегрално.

– Нејсе, да му одговорам. Политички непостоиш, а партија во која си само обичен инвентар, полека ја снемува. Рејтингот ви паѓа толку ниско што го пробивте секое дно! Интерпелацијата за мене што си ја поднел е толку нелегитимна, како што ти си нелегитимен во СДС. Интерпелацијата ќе биде исто толку неуспешна како твојот мандат како министер за земјоделство и како антикорупционер! Толку безначајна како што беше безначајна и твојата заплената на ДУРИ 30 килограми путер, пишува Трипуновски во објавата на Фејсбук.

Оваа реакција на министерот Трипуновски доаѓа по денешната прес-конференеција на бившиот министер и вицепремиер, Љупчо Николовски кој објави дека СДСМ поднесува интерпелација против актуелниот министер за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Николовски беше близок соработник на Зоран Заев и беше министер во неговите влади, а како вицепремиер остана запаметен во неговата „битка со корупцијата“ откако се пофали дека открил канта со 30 кг путер со изминат рок на употреба.

Фото: архива