Бројките не лажат, пропагандата лаже, коментира поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, во врска со пријавените Бугари за гласање во Албанија и Македонија на денешните парламентарни избори во Бугарија.

– Денеска, 19 април 2026, за парламентарните избори во Бугарија:
во Албанија на пописот 7.000 „Бугари”, а за гласање се пријавиле само 183 лица. Во Македонија — на пописот 3.500 „Бугари”, а за гласање се пријавиле само 210 лица. А бугарската пропаганда со години ни раскажува приказни за 150.000 или 200.000 Бугари во Македонија?! – објави Темелко на Фејсбук.

Вистината, продолжува натаму Темелко, е поедноставна и поубедлива:

– Поголемиот дел од тие „Бугари” го зеле бугарскиот пасош само заради слободното движење во ЕУ, не заради идентитет, не заради убеденост, не заради припадност. Кога дошло време да гласаат за „својата” Бугарија — ги нема. Бројките зборуваат сами за себе. Не постои никаква голема бугарска заедница — постои само добро финансирана пропагандна машина која сака да ги фалсификува нашата историја и идентитет. Вистината е упорна. И денес — таа победи, објавува Темелко.