Министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев денеска престојува во работна посета на земјава, соопшти Министерствотот за надворешни работи и надворешна трговија.

Во рамки на посетата предвидено е министерот за надвореши работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски да оствари тет-а-тет средба со казахстанскиот министер, по што ќе следи пленарна средба на двете официјални делегации, проследена со заедничка изјава за медиумите.

На средбата се очекува да се разговара за билатералните односи и можностите за нивно интензивирање, со посебен акцент на економската и трговската соработка.

Како што соопшти МНРиНТ, Шакалиев ќе ја предводи делегација на бизнисмени од Казахстан, која ќе учествува на Бизнис форум со претставници на македонската деловна заедница.

На средбата се очекува да се разговара за билатералните односи и можностите за нивно интензивирање, со посебен акцент на економската и трговската соработка.

Фото: Влада на Казахстан