На Саемот на книгата што се одржува во салата Борис Трајковски во Скопје, денеска (24 април) ќе биде промовиран романот Луција од македонската писателка Лилјана Грџо Дамовска.

Промоцијата ќе се одржи во 18,30 часот на штандот на книгоиздателството Сакам книги.

Грџо Дамовска е истакнат долгогодишен новинар и уредник од областа на кутурата во дневните весници Дневник и Вечер, а романот Луција е нејзин првенец во литературата.