Брокулата, крцкавата сланина, сувото грозје и семките од сончоглед се храна што совршено се комбинираат, а со парче леб имаме одличен оброк.
Состојки:
- 1 главица брокула
- 1 црвен кромид
- 200 грама сланина (пржена)
- 100 грама суво грозје
- 100 грама семки од сончоглед
Прелив: - 500 грама кисела павлака
- 3 лажици балсамико
- 1 лажица мед
Подготовка: Исечете ја брокулата на мали парчиња и малку обарете ја во солена вода. Исцедете ја брокулата и додадете исецкан црвен кромид, пржена крцкава сланина, суво грозје и семки од сончоглед. За преливот: измешајте ги состојките од павлака, балсамико и мед, прелијте ја салатата од брокула и добро измешајте.




