Претседателот на СДСМ, Венко Филипче почна „рафално“ да ги „острелува“ своите кадри кои не му се лојални, а меѓу нив се најде и еден од вкупно шесте градоначлници од оваа партија.

– Тој не е способен да исконтролира 10 крави, а како ќе контролира рудник, изјави Филипче денеска за градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кого пред половина година го фалеше.

Филипче не верува ниту во своите избори, пред шест месеци го кандидираше Митовски за градоначалник, а сега го прогласи за неспособен.

Видеото може да го отворите ТУКА.