Во рамки на кампањата за унапредување на сообраќајната култура, денеска на подрачје на Полициската станциа од општа надлежност Кисела Вода, на локалниот пат Батинци – Езеро Козјак, беше реализирана сообраќајно – превентивна активност наменета за возачите согласно кампањите „Носи кацига“, „Не користи мобилен телефон додека возиш”, „Стави појас” и „Не консумирај алкохол додека возиш”.

Превентивната активност беше организирана од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а со цел подигнување на свеста за одговорно и безбедно учество во сообраќајот.

Притоа беше поделен едукативен материјал – летоци со практични совети за безбеден сообраќај.