Телевизискиот водител Миро Кацаров е поставен за в.д. директор на Универзална Сала во Скопје. Според податоците објавени во Централниот Регистар, Кацаров ќе биде вршител на должноста директор, а назначен е од актуелниот скопски градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.
Почетокот на изградбата на објектот беше означен кон крајот на април годинава, а се очекува тој да биде финализиран до крајот на 2027 година.
Кацаров доаѓа на местото на Горјан Христовски, кој претходно ја извршуваше функцијата директор.




