Се поизвесно е дека и оваа и следните години што ќе следат, безбедноста ќе биде примарна цел на правниот и политичкиот поредок на меѓународната сцена.
Високо на агендата во скоро сите држави ќе биде носењето на одлуки поврзани со безбедносни и одбранбени, развој на научно истражувачки центри и засилување на воено индустрискиот капацитет на државите.
НАТО во својата стратегија предвидува дека во следната деценија светот ќе биде исполнет со геополитчки судири пред се помеѓу геополитичките гиганти САД, Кина, Русија и ЕУ, од друга страна САД бара од ЕУ посилен и поинтезивен ангажман во воена смисла.
САД најверојатно безбедносните гаранции ќе ги ревидираат согласно нивните стратешки погледи. Тоа веќе се препознава во одлуките кои се на сила заради конфликтот со Иран, а во однос на ЕУ постои можност за намалување на американското воено присуство.
Како и да се анализира светот интезивно се подготвува да превенира или да живее со последиците од конфликтите кои ја разнушуваат светската економија.
Конфликтот помеѓу Украина и Русија и САД и Иран го урнисаа економско енергетскиот и правно политичкиот поредок во светот, тоа пак говори дека сите општества ќе инвестираат во безбедносни политики без разлика дали тоа ќе бидат низ призма на нови сојузи, дипломатски контакти, силни вооружени армии, инвестиции во инфраструктура, технологии, системи и платформи кои ќе го јакнат безбедносниот апарат. Со еден збор без безбедност нема економија и развој.
Каде во сето ова Македонија. Импонира со тоа што министерот за одбрана Владо Мислајловски покажа огромен личен капацитет, силно познавање на геополитичките процеси, инстикт за тоа што и треба на Армијата и одбранбениот сектор.
Воената дипломатија и постојаните контакти се клучни во размената на идеи и нови билатерални партнерства кои ќе бидат сржта на идниот развоен концепт на АРМ. Кога сојузите заради геополитиката добиваат предизвик, најважно е преку воената дипломатија да биде во полна кондиција. Вмрежувањата преку поедниечни средби ја зацврстуваат државата во поглед на безбедноста. Безбедноста е материја која цело време еволуира, бара постојан димпломатски дискурс.
Министерството за одбрана со овој министер, кабинет и тим подржана од Владата на РМ ги испишува можеби најсветлите страници кога станува збор за нова опрема, силен и проектиран буџет за модернизација и развој на човечките ресурси.
Актуелните и идните набавки од САД ќе ја етаблираат АРМ за достоен партнер и важен сегмент од региналната безбедност имајќи ги во предвид резиците на регионот. Актуелните и идни набавки од ЕУ и партнерите и вложувањето во обуката, образованието и инфраструктурата ги зајакнува и развива базичните сегменти на Армијата.
Аматарите и оние кои несмасно го водеа Министерството за Одбрана знаат да искоментираат дека оставиле готови договори кои требало само да се реализираат.
Голем аматерски и небулозен гаф, денес можете да оставите хипотетички 10 или 100 договори, денес најлесно е да склучите договор, но ви треба капацитет да се реализира договор. Зошто не ги реализирале договорите ако имале познавање и капацитет? За реализирање на било како договор треба да имаш силен и морален капацитет.
Дали се законски тие договори, како во случајот со хеликоптерите Леонардо? Дали се правно издржани и дали има штета по буџетот на АРМ и државата.
Заклучокот во скоро двегодишното менаџирање со институцијата МО, овој министер, овој кабинет и оваа Влада се на вистинската патека. Во две години 0 афера за проневера. Армијата денес е институција со најголема доверба, денес луѓето помалку зборуваат за безбедно општество, денес за тоа се грижи државата.
Во пресрет на идните геополитички процеси во регионот важно е дека имаме министер и тим кој добро ги читаат овие процеси, прават неколку чекори подалеку во однос на зацврстување на партнерството со САД, но се гради и силни билатерални сојузи преку воената дипломатија ширум ЕУ. Тоа е многу важно за развојот на нашата држава и економија.
пишува: Милан Стефаноски, воено политички аналитичар




