Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека одлуката на САД за повлекување на околу 5.000 војници од Германија нема да влијае врз способноста на Алијансата да се брани.

– НАТО е и секогаш ќе биде трансатлантска алијанса. Она што се случува сега е преземање одговорност, оддалечување од нездраво прекумерно потпирање на еден сојузник што води кон пофер распределба на одговорноста за нашата колективна безбедност, наведе Руте.

Тој најави дека наскоро ќе биде претставен „Модел на силата“, фонд на воени сили достапни во 32 земји на НАТО, вклучително и САД, кои ќе можат да се мобилизираат, ако е потребно, за помалку од 180 дена.

Пентагон на почетокот од месецот најави намалување на бројот на американски војници во Германија во следните шест до 12 месеци.