Триесет и четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во 16 од вкупно 34 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 18 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи полицијата од сообраќај исклучила 114 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 12 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 35 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и 10 почетници.
Од сообраќај биле исклучени и 20 нерегистрирани возила, 115 за не прописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 75 возила.
Полицијата санкционирала и 11 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четири возачи кои не даваат првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за не правилно престорјување, четворица за не правилно престигнување, четворица возачи кои не даваат првенство на минување на возила во зона на крстосница, девет за не поседување пропишана зимска опрема во возилата, 10 за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила и четворица за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.