Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов, ги изнесе своите очекувања од двата пријателски натпревари на „рисовите“, кои ќе ги одмерат силите со Босна и Херцеговина и Турција.
„Сезоните во нашите клубови завршуваат, полека се собираме и ги насочуваме мислите на овие натпревари. Кога се игра за Македонија секогаш имаме желба и мотив повеќе за добри резултати. Не гледаме дека се работи за пријателски мечеви, сите ќе го дадеме нашиот максимум.
Има нови имиња во составот, мислам дека селекторот ги познава нивните квалитети и затоа ги повика во националниот тим. Ќе играме со Босна, која прикажа одличен фудбал во квалификациите.
Ја елиминираа Италија тоа доволно говори за нивниот квалитет. Ќе одиме да се надигруваме, се подготвуваме за победа“, изјави Атанасов.
Македонската репрезентација се среќава со Босна и Херцеговина на 29 мај во Сараево а само два дена подоцна ќе ги одмери силите со Турција во Истанбул.




