Осумдесет и петгодишна жена го загубила животот во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, ноќеска во 01:48 часот во СВР Скопје било пријавено дека избувнал пожар во куќа сопственост на С.К.(45), во која живеела и нејзината мајка М.В.(85).

Од здобиените повреди во пожарот, М.В. починала на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Надлежните служби во текот на денот ќе извршат увид за утврдување на причините за пожарот.

Фото: Архива