Македонската јавност утрово беше во прашалници, сите беа во дилема – каде, побогу, е СДС?

Како што пишува Курир, откако сите се навикнаа секое утро да почнува со кафе и занимација со смешките од минимум десет инфантилни соопштенија на партијата на Филипче, денеска до 10 чесот немаше ниту едно. Штама во СДС. Сеирџиите се загрижија, а Богданка, Фрчко Јуниор и Венко и натаму ги немаше.

Во 10.00 излегоа од илегала, а на сите им олесна и им стана јасно зошто ги немало. Смислувале нешто неверојатно, луцидно и крајно хумористично. Се мислеле пустите, се туфкале и пуфкале за да, верувале или не, стокмат:

„На денот кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пристигна во Македонија, кој го потврди она што го говори СДСМ и порача дека без внесување на малцинствата во Уставот нема поместување од мртва точка, токму тогаш предмет за Стефан Богоев…

Театар има секој ден. Резултати нема. Затоа на Македонија ѝ се потребни независно судство, независно обвинителство и соработка со Европското јавно обвинителство.

Само така граѓаните ќе можат да ја вратат довербата во институциите.

Само така секој што се огрешил од законот ќе одговара, без разлика на функцијата, партијата или политичката припадност.

Затоа Фронтот се обедини околу најважната работа – Антикорупцискиот закон.

Законот мора да биде еднаков за сите. Секој што се огрешил од законот мора да одговара“, лиферуваа од СДС.

Кратко и јасно, Антонио Кошта е „крив“ што на врхушката на СДС и „лепат рачињата“, ете, според Бихаќка претседателот на Европскиот совет е виновен за Стефан Богоев и наместен тендер од 330.000 евра. Да не беше Кошта, немаше ни да го апсат Богоев, ова е логиката на Заевци.

Од друга страна, според СДС, токму невнесувањето на Бугарите во устав, во превод, е виновно за оваа „драма“ во денешницата, а следствено на нивната индолентна логика и за криминалот и високата корупција во периодот 2017-2024 година. Да ги внесевме, Кошта немаше да го бара тоа од нас, а Богоев ќе си останеше на слобода.

Ве тера да се запрашате, кој ќе биде „крив“ ако некој ден органите на прогонот го уапсат Заев или можеби Филипче?

Типуваме на Фон Дер Лајен, Доналд Трамп, Макрон или на Мерц…

Извор: Курир