Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка го заврши настапот на Ролан Гарос откако попладнево во четвртфиналето беше елиминирана од Дијана Шнајдер. До големиот триумф Шнајдер стигна со неверојатен пресврт и освоени десет гема во серија.
Сабаленка имаше водство од 1-0 во сетови и предност од 5:3 во гемови во вториот сет. Во продолжението на сетот Сабаленка сервираше за меч, но Шнајдер успеа да направи два брејка во завршницата на вториот сет и на тој начин да изедначи на 1-1 во сетови.
Во решавачкиот сет Шнајдер по голема борба во вториот гем и 18 одиграни поени Шнајдер направи брејк што беше знак за победа во мечот. Таа ја искористи третата меч топка, по два часа и 13 минути игра.
Нејзина противничка во полуфиналето утре ќе и биде Маја Хвалинска, која со 2-0 во сетови ја совлада Ана Калинскаја. МИА




