Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV денеска пристигна во Мадрид. Тоа е втора негова посета на Шпанија, што ќе трае до 12 јуни.
За денеска е предвидена средба со шпанскиот крал Фелипе и кралицата Летиција.
Предвидено е папата Лав XIV да го посети манастирот Монсерат и Канарски Острови, како и Барселона, каде ќе ја отвори новата кула на базиликата Саграда Фамилија.
Папата ќе се сретне и со мигрантите и со претставници на организациите кои пружаат помош на бегалците.
Лав XIV за еднонеделната посета на Шпанија ќе одржи повеќе од 20 говори, а ќе се обрати и пред парламентот.




