Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека од пладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според прогнозата, поради зголемената нестабилност во атмосферата, на одделни места ќе има услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.