Дали Мила Царовска со сопругот лета дронови по Њујорк, прашува Курир во својата анализа.

Дилемата се наметнува по веста дека демократските власти во Њујорк ги бришат термините „мајка“ и „татко“ во официјалните документи во сојузната држава и ги заменуваат со идеолошки прочистените изрази „родител што раѓа“ и „родител што не раѓа“. „Татковство“ станува родово неутрално „родителство“, а биолошките татковци што не презеле родителска одговорност стануваат „наводни родители“.

Законот беше усвоен во Претставничкиот дом на Њујорк пред неколку месеци, а оваа недела беше одобрен и од Сенатот, по минимална дебата. Сега е на масата на гувернерката Кети Хочул, која гордо го истакнува својот прекар „прва мајка“ на Њујорк. Ќе стане ли ПРВ РОДИТЕЛ КОЈ РАЃА НА ЊУЈОРК?!

Ако го потпише, промените стапуваат на сила на 1 ноември. Ќе мора да бидат преработени сите одредби во семејните судски постапки, регулативите за семејни односи, издршката за деца, одредувањето на старателството, дури и во законите за образование.

-Промената е неопходна бидејќи го усогласува државниот закон со општоприфатените стандарди за тоа како семејните судови ги решаваат случаите на сурогат мајчинство и оние со родители од ист пол, вклучувајќи парови со две мајки, пишува во меморандумот што го придружува законот.

Адвокати за посвојување коментираат дека употребата на термините мајка и татко во семејното право е застарена со оглед на растот на посвојувањата од истополови парови и договорите за сурогат мајчинство.

-Имате посвоители кои се од ист пол во Њујорк. Има двајца мажи и две жени како родители, објаснува адвокатката Лесли Силвер-Хофман.

Конзервативната опозиција го оценува законот како „дивеење на разбудената култура“.

-Ова е понижување од позиција на сила. Покажува колку е забегано законодавното тело на Њујорк. Непотребно и расипничко трошење време, изјави Џерард Касар, претседател на локалната Конзервативна партија.

Извор: Курир