Европската комисија соопшти дека го казнила Мастеркард со 570,6 милиони евра (648,3 милиони долари) за ограничување на можноста на трговците да имаат корист од подобрите услови што ги нудат банките во другите земји во Европската унија.
– Преку спречувањето на трговците да пазаруваат по подобри услови што ги нудат банките во другите земји-членки, со правилата Мастеркард вештачки ги зголемил трошоците за исплата на картички, и со тоа им наштетил на потрошувачите и трговците на мало во ЕУ, нагласи европскиот комесар за конкурентност, Маргрет Вестагер, во соопштението.
Комисијата му ја намали казната на Мастеркард за 10 отсто поради соработка во истрагата.