Унгарската полиција објави дека седум лица загинале, а две се повредени утрово на западот од земјата, кога минибус се судрил со камион што стоел на автопатот М1, каде што сообраќајот бил во застој поради несреќа што се случила претходно.
Во минибусот имало девет лица, а несреќата се случила на местото каде што претходно камион се судрил со градежно возило. Таа претходна несреќа, во која загина едно лице, предизвикала сообраќаен метеж.
Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави на Фејсбук дека жртвите се странски државјани, но не ги прецизираше нивните националности, притоа изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите лица од минибусот.
Полицијата за порталот 24.hu изјави дека сите жртви биле мажи и дека минибусот имал молдавски регистарски таблички.
Фото: архива




