Во текот на следната година, НАТО постепено ќе го прилагодува бројот на својата мисија за поддршка на мирот во Косово, која се спроведува од 1999 година, поради постабилната безбедносна ситуација во оваа земја, објави денеска Алијансата.
-НАТО и КФОР се целосно посветени на безбедноста и заштитата на Косово, рече генералот на воздухопловните сили на САД, Алексус Г. Гринкевич, врховен командант за Европа (SACEUR).
„Токму оваа посветеност резултираше со поголема стабилност со оглед на тоа што безбедносните организации во Косово станаа поспособни. Сегашните услови даваат можност за понатамошна оптимизација на големината и распоредувањето на силите на КФОР“, додаде тој.
НАТО очекува намалувањето на бројот на сили да ги следи националните ротациски циклуси во периодот од денеска до следната година.
Промените ќе се одвиваат постепено и во согласност со условите на теренот, а тие би можеле да бидат отповикани доколку се појави потреба, наведе НАТО.
Фото: архива




