Политиките на омраза, на поделба, единствено до што водат се само трагедии. Ова го изјави денеска во изјава за медиумите, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој присуствуваше на одбележувањето на 83 години од стрелањето на ваташките младинци, во месноста Моклиште, кај кавадаречкото село Ваташа.

– Денеска присуствуваме на одбележувањето на 83 годишнината од масакрот, убиството на младинците тука во Ваташа, од страна на бугарскиот окупатор. Ова не учи дека политиките на омраза, на поделба, единствено до што водат се само трагедии. Затоа имаме обврска, да сега во денешно време, ја зајакнуваме демократијата, владеењето на правото и сите вредности што произлегоа од ужасите на Втората светска војна, подвлече Филипче. (МИА)