Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи во интерес на граѓаните и на македонската економија. Резултатите што денес ги гледаме се потврда дека државата се движи во правилна насока, со стабилен економски раст, подобар животен стандард и одговорно управување со јавните финансии, посочи Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
-Нашата економска политика се темели на три клучни приоритети: капитални инвестиции, привлекување странски директни инвестиции и поддршка на македонското стопанство. Токму овие политики обезбедуваат континуиран раст на економијата и создаваат услови за нови работни места и повисоки приходи за граѓаните. Македонија бележи раст од над 3% во 7 последователни квартали, а според кварталните показатели се наоѓаме помеѓу водечките европски економии по стапка на раст. Истовремено, просечната нето-плата е повисока за 8,2 проценти во однос на минатата година. Создадени се 17.000 нови работни места и ова е уште еден јасен показател дека мерките што ги спроведуваме даваат резултати и создаваат нови можности за вработување и економски развој, рече тој.
Во областа на јавните финансии, јавниот долг се намалува, буџетските приходи растат, а средствата се насочуваат кон капитални проекти.
-Денес сме исправени пред обврската да го намалуваме јавниот долг, да ја одржуваме финансиската стабилност и да инвестираме во развој. Нашата цел останува јасна, стабилна економија, стабилни јавни финансии, нови инвестиции, повисоки плати и пензии и подобар животен стандард за сите граѓани. Македонија забрзува, посочи пратеникот.




