Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски и следната сезона ќе биде лидер на Пелистер.
По кратки преговори после завршување на сезоната, раководството на клубот и капитенот се договорија, Фитиљ останува лидер во составот на битолчани, кои ќе бидат предводени од Лино Червар.
Можноста за трансфер во Фуксе Берлин, кој имаше сериозни намери да го ангажира Кумановски останува затворен случај, Пелистер е изборот на македонскиот репрезентативец.
Кузмановски се врати во Еурофарм Пелистер во 2023 година. Откако во 2015 година замина од Битола во меѓувреме настапуваше за Металург, па се врати една сезона во Еурофарм Работник пред германските авантури во Магдебург, Хановер и Вецлар.




