Младиот македонски музичар Петар Саркањац ќе одржи концерт утре вечер во 20 часот во Сули ан во Скопје, на кој ќе го претстави неговиот деби албум „Соборот на зборовите“ (Conference of Grammars).
На концертот во Скопје ќе настапат вокалисти и жичан квинтет со членови од Националната опера и балет (НОБ) и Филхармонијата.
Првиот сингл од албумот, „Олимп“ излезе на 15 јуни, а на него гостува Андријана Јаневска.
Саркањац дипломирал на Беркли во Бостон. Песните се авторски и напишани на повеќе јазици: англиски, македонски, шпански, португалски и турски. Саркањац вели дека музиката има примеси на самба, фадо, џент (метал), и фолк, аранжирана за жичан квинтет.
Билети за концертот може да се најдат на следниот линк: https://tix.mk/…/koncert-i-promocija-na-albumot…




