На 19 јуни 2026 година, во 16:05 часот, на Граничниот премин „Ќафасан“, при влез во Република Македонија, полициски службеници лишиле од слобода 40-годишно лице од Република Албанија, поради недолично однесување кон полициските службеници при вршење на службени дејствија.
– Лицето било предадено во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информира Министерството за внатрешни работи.




