Автопатот Гостивар -Букојчани на Коридор 8 се гради со силно темпо, напиша на својот фејсбук профилот, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и објави фотографии од изградбата.

„Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани (заобиколување на популарната Стража).
Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за виадуктите. Се работи на 4 моста и еден натпатник, еден мост е целосно завршен. Ја градиме Македонија.