На 22.06.2026 околу 14:30 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека настанал пожар во продажен објект на ул.„Индустриска“ во Гевгелија.

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Гевгелија, а при гаснењето еден пожарникар вдишал чад и бил пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош.