Не се напаѓа оној што не работи, не се троши толкава енергија за оној што не менува, туку само за оној што менува нешто, а токму тоа и најмногу ве боли. Најбитно од се, вас ве боли тоа што македонските граѓани конечно гледаат надеж дека во Македонија конечно нешто може да се смени на подобро, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред претениците во Собранието во однос на интерлепацијата за неговата работа поднесена од ПП „Левица“.
Тој нагласи дека овие две години наназад е контунурано напаѓан, рамо под рамо од ДУИ, Левица и СДСМ – три субјекти кои, вели, идеолошки, политички би требало да бидат на сосема различни страни, но „вака убаво се гушкаат“ кога треба да се нападне министерот за внатрешни работи.
Тошковски на почетокот од своето обраќање, ги повика пратенциите во собраниската сала да оддадат почит со едноминутно молчење за починатиот градоначалник Јовица Илиевски.
-Почитувани граѓани на оваа убава Македонија ова е трета интерпелација за период од две години што е побарана од мене. Мислам дека е историска, не верувам дека досега имало три интерпелации, особено не за две години власт и сакам јавно да истакнам дека тоа е демократско право на опозицијата и го почитувам и лично ќе одговорам на се она што ценам дека сум должен. И кога ќе се прочита интерпелацијата може да се заклучи дека напишанто и кажаното е контрадикторно само по себе. Зборевте за се, само не за тоа што јас го работам денеска и тоа за што треба да одговорам пред македонските граѓани – зборевте за адвокатура, студии, членови на мое семејство, ама не кажавте ништи за она што се бројки и факти, македонска реалност, имплементирани проекти, чувство на безбедност кај македонските граѓани и се она што значи подобрување на животот на македонските граѓани – изјави Тошковски.

Тошковски, реплицирајќи на лидерот на Левица Димитар Апасиев, рече дека тој од 20 минути добри 12-13 минути зборувал лично против својот сограѓанин.
-Слушнав многу манипулации, лаги, клевети, нечовечки напади. За еден велешанец, навистина под секое ниво, но тоа е ваш избор и за тоа нека судат македонските граѓани – порача Тошковски.
Според Тошковски интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата и ги наведе сите досега реализирани проекти во интерес на граѓаните. Со неа, вели тој, Левица уште еднаш покажала дека, свесно или несвесно, во пракса станува најкорисниот сојузник на СДСМ и ДУИ.
-Удирајќи по мене удирате во институција којашто за првпат по 30 години покажа дека законот важи еднкаво за сите и особено стигна до оние што мислеа дека се недопирливи, а тоа е поранешната власт на ДУИ и СДСМ, оние што грабаа и оставија пустош зад себе… Затоа оваа интерпелација не ја доживувам како суд за мојата работа, туку како уште еден очаен обид за собирање на некој евтин политички поен – порача Тошковски.
На 106. седница на Собранието, поднесената интерпелација ја објасни пратеникот и лидер на „Левица“ Димитар Апасиев, кој прво зборуваше за образованието и кариерата на Тошковски како адвокат, за потоа шест месеци да биде технички министер и сега веќе две години на функцијата министер за внатрешни работи.

-Имате непотизам и кронизам, МВР си го сторивте во фамилијарна тезга… Што е целта на полицијата – заштита на правен поредок, спречување и казна, преземање мерки и одржување на јавен ред и мир, обезбедување на личности и објекти и заштита на живот, лична сигурност и имотот на граѓаните. Дури и приватниот имот вие сте должни да го штитите, а не приватниот. А, вие што правите, јавното им го давате на приватни агенции за обезбедување. Имаме 50-тина приватни агенции за обезбедување, од коишто пет хараат и над 300 милиони евра се дадени по приватни агенции и тие ни ги обезбедуваат и школите, и градинките, и факултетите и болниците и музиети и подрачни единици на министерствата, и патарините… па за кој ѓавол ни се полицајците, за да ги нема нигде – изјави Апасиев, посочувајќи дека имаме 560 полијаци на 100 илјади жители, додека европскиот просек е 340 полицајци.
Интерпелацијата поднесена од пратениците Амар Мециновиќ, Борислав Крмов, Димитар Апасиев, Јована Мојсоска, Реџеп Исмаил и Сашко Јанчев е образложена преку 17 точки, во шест тематски области, кои се однесуваат на работата на Министерството за внатрешни работи и на одговорноста на министерот Тошковски.
Од Левица го обвинуваат министерот Тошковски за, како што велат, креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила.

Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски, и втора од Левица. Интерпелација за неговата работа имаше поднесено и ДУИ.
Собранието ја одржува 106-тата седница на чиј дневен ред, освен интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од ПП „Левица“, се и повеќе предлог законски измени, меѓу кои за измени и дополнување на законите за основното образование и за средното образование, за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители и за изменување на Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата – сите по скратена постапка. аа/вг/
Фото: МИА




