Драгана Арсова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница, во реплика на пратеникот Благој Бочварски од СДСМ, возврати дека Министерството за внатрешни работи бележи конкретни резултати во борбата против криминалот и корупцијата. Таа посочи дека има намалување на криминалот, зголемени заплени на дрога и подобрување на условите за работа на полицијата.

-Свесно ги игнорирате резултатите на МВР и министерот Панче Тошковски, кој ги постигна овие две години во борбата со криминалот и корупцијата. Кога системот конечно почнува да функционира, повеќе од јасно е дека најмногу вознемирени се оние кои со години профитирале од неговото нефункционирање“, рече Арсова и додаде:

„Зборувавте за некој изминат период, за случајни убиства, и чинам дека како да сакавте да не потсетите на периодот кога министер за внатрешни работи беше колега кој сега седи во пратенички клупи и неговото министерување беше проследено со стотици скандали и кога наместо да ги штити македонските раѓани се фотографираше со кримиалци, издаваше пасоши на нарко босови. Не потсетивте на време кога полицајка случајно се удри во паркот, па потоа заедно со нејзиното семејство се иссели од државата, на времето кога низ скопските улици имаше пресметки на мафијашки банди“.

Арсова истакна дека резултатите во борбата против криминалот и корупцијата се видливи преку намалувањето на имотниот криминал и тешките кривични дела, како и преку значително зголемените заплени на кокаин. Таа ги посочи и ефектите од проектот „Сејф сити“, а нагласи и дека бројот на жртви е намален за 4%. Според неа, позитивни резултати се бележат и во подобрувањето на условите за работа во полицијата, при што се набавени 120 нови службени возила, отворени се нови полициски објекти, а во подготовка се и изградби на нови полициски станици.

-И затоа кога зборувате за одговорност колега, споредете ги резултатите од минатото и сегашните конкретни факти и аргументи, заклучи Арсова.