Колумбија рано утрово ја победи Демократска Република Конго со 1:0 во второто коло од групната фаза на Светското првенство во фудбал 2026. Натпреварот се одигра на стадионот „Акрон“ во Запопан, Мексико.
Даниел Муњоз го постигна единствениот гол, по додавање од Хуан Кинтеро, во 76. минута.
Колумбија има шест бода и е лидер во групата К. Тие обезбедија место во плејофот. ДР Конго е на третото место со еден бод.
Во третото коло, Колумбија ќе се соочи со Португалија, додека ДР Конго ќе се соочи со Узбекистан. И двата натпревари ќе се играат на 28 јун




