Ричард Гир кон крајот на април застана на „лудиот камен“ по третпат, а овој пат неговата избраничка е 33 години помладата Алехандра Силва.
Потсетуваме, претходно актерот беше во брак со моделот Синди Крафорд и актерката Каери Лоуел, но одлучи на љубовта да и даде уште една шанса, а изгледа дека овој пат ја извлече премијата.
Двојката брачните завети ги размени во Њујорк, а само месец дека по венчавката Ричарс тврди дека никогаш не бил посреќен.
-Јас сум најсреќниот човек на планетата. Како да не бидам? Оженет сум со прекрасна, паметна, жена која се грижи за потребите на другите, која се обврзува, која е трпелива, која знае да прости, која совршено готви и ги прави најдобрите салати на светот, истакнува Ричард Гир.
Тој вели дека оваа 35 годишна убавица е совршена мајка, дека е вегетаријанка, дека сака да медитира, да има допир со ангелите и дека доаѓа од егзотичната Шпанија, земјата на кралевите и кралиците.
-Не можев подобро од ова, заклучува актерот.