Со промоција на локални производители од пограничниот регион, утре во 10 часот на централното шеталиште во Стар Дојран ќе се одржи настанот „Border Bite”.
На манифестацијата ќе бидат претставени локални производи, ракотворби и домашни изработки во знакот на културната размена, поврзувањето и новите соработки. Пред посетителите ќе се прикажат автентични вкусови, традиции и приказни кои си ги носи секој производител.
– Во еден ден Дојран ќе биде домаќин на повеќе производители, изведувачи и семејни бизниси од Македонија и Грција кои заедно ќе го презентираат најдоброто од овој регион. Целта на настанот е да се сретнат локалните претприемачи, да се поддржат малите бизниси, со помош на прекугранично поврзување и претставување на богата културна програма, велат организаторите.
Настанот ќе се реализира со поддршка на институтот „Поттик”, Општина Дојран и Американската амбасада.




