Во СВР Охрид е пријавено дека пред продажен објект лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка.

На 27.06.2026 во 05:32 часот, во СВР Охрид е пријавено дека пред продажен објект лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.С.(17), Д.С.(20), двајцата од охридското село Лескоец, Х.Ѓ.(19) и С.А.(18) од Охрид од една и В.Д.(22) и Ф.К.(28,) двајцата од Скопје, од друга страна. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Д.(39) и А.Д.(46) од струшкото село Радолишта и против еден малолетник од селото Франгово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201-а од Кривичниот законик.

Пријавените, на 03.05.2026 околу 18 часот, во училишен двор на основно училиште во Струга, физички нападнале две малолетни лица, при што им нанеле телесни повреди.