Eвропската унија е подготвена да воведе царини за американски увозни стоки вредни 20 милијарди евра, ако претседателот Доналд Трамп исполни закана и сепак воведе дополнителни давачки за увоз на европски автомобили и автомобилски делови. Тоа го изјави генералниот директор на дирекцијат Трговија во ЕК, Жан-Лук Демарти.

Изјавата е нов сигнал за ризикот од ескалирање на трансатланстките трговски односи по постигнување примирје пред шест месеци.

– Ќе продолжиме да и се спротиставуваме на американската администрација која е подготвена да се закани со трговски мерки дури и на блиски сојузници и партнери и да го урне статус кво само да ги спроведе мерките, изјави Дематри во комисија во Европскиот парламент.

Тој додаде дека веќе е подготвен список со стоки од САД вредни 20 милијарди евра за кои ќе бидат воведени соодветни мерки. Европа се подготвува за нови американски ограничувања за увоз додека продолжуваат новите преговори меѓу Вашингтон и Брисел за укинување на билатералните трговски бариери.