Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги оцени настапите на неговите избраници во Л-групата Светското фудбалско првенство 2026.

Англискиот тим освои седум бода од три натпревари во групната фаза, победувајќи ги Хрватска (4:2) и Панама (2:0) и ремизирајќи со Гана (0:0).

– Беше напорна работа, но бевме подготвени. Реков дека честопати ги преценуваме очекувањата и барањата од себе. Се очекуваше од нас да ја освоиме групата и го направивме тоа. Ги повикав сите да уживаат во овој момент. Знам што се очекува од нас, го знам нашиот сон. Можеме да постигнеме повеќе, но во моментов, играчите и персоналот заслужуваат да се качат во авионот со насмевка, изјави Тухел за „Би-би-си“.

Англија ќе игра против ДР Конго во осминафиналето на Светското првенство. Натпреварот ќе се одржи на 1 јули во Атланта.