Најавената реконструкција на Владата на Мицкоски е само замена на Курто со Мурто и ништо повеќе. Замена на неколку имиња во Владата нема да донесе никаква промена за граѓаните, затоа што проблемот се политиките на оваа неспособна и криминална власт, стои во соопштението на СДСМ што МИА го објавува интегрално.
По две години владеење, Владата на Христијан Мицкоски не испорача ниту економски резултати, ниту повисок животен стандард, ниту правда, ништо. Ниту едно изборно ветување не е исполнето.
Економијата е во сериозна криза, буџетскиот дефицит е речиси целосно потрошен за само шест месеци, нема пари ниту за пензии, јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра, а премиерот како решение за иселувањето на младите најавува увоз на „економски работници“.
Во тендер-коалицијата ништо суштински не се менува. Театарот е ист, глумците се исти.
Старите политики остануваат, старите практики продолжуваат, а новите имиња се само нова амбалажа за истото неуспешно владеење, на истото старо, корумпирано владеење, кое продолжува да произведува нови скандали, нови криминални тендери и нови разочарувања за граѓаните.
Симни се Курто да се качи Мурто, а газадата останува ист.
Македонија не оди напред. Со оваа власт Македонија забрзано се движи кон пропаст.
СДСМ




