Претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Галибаф изјави дека спроведувањето на Меморандумот за разбирање со САД е тешко, но можно.

Според него, дипломатијата и преговорите треба да ги решат воените блокади, а во исто време да ги зачуваат и консолидираат, како што изјави, достигнувањата на силите на отпорот.

– Тоа е можно само кога државата е целосно подготвена за одбрана, паралелно со дипломатијата, наведе Галибаф, кој ги предводеше преговорите со САД.

Тој потенцира дека преговорите за Меморандумот се во застој откако Израел изврши напади врз јужното предградие на Бејрут, Дахије. Галибаф наведе дека Техеран инсистирал во договорот да се вклучи одредба за зачувување на територијалниот интегритет на регионалните држави и прекин на војната против регионалните сојузници на фронтот на отпорот.

– Оваа клаузула е додадена во текстот. Денес, меморандумот се спроведува. Неговата имплементација е тешка, но можна, истакна Галибаф.

Меморандумот за разбирање помеѓу САД и Иран е постигнат со медијација на Исламабад, е рамковен договор за прекин на непријателствата, враќање на поморската безбедност во Ормуска Теснина и прекин на воените операции на повеќе фронтови, вклучувајќи го и Либан. (МИА)